| четврток, 6 декември 2018 |

Донација од Азербејџан за македонската Царина

Царинската управа на Република Македонија доби донација од Државниот царински комитет на Азербејџан. Донацијата ја предаде делегацијата од Азербејџан предводена од директорот, Ајдин Алиев, а се состои од шест лаптопи и 80 таблети.

Директорот на Царинска управа, Ванчо Каргов, изрази благодарност за доделената опрема и надеж за натамошна соработката меѓу двете земји.

Компјутерската опрема ќе придонесе во остварувањето на веќе започната практика на Царинска управа за безхартиена околина преку бројните апликации и ситеми што веќе се воведени и активно се воведуваат во царинското работење.

Заедничката соработка продолжува и утре, кога двете царински служби, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, организираат Регионална конференција за улога на царината во заштитата на културното наследство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top