| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА врбувала затвореници во Гвантанамо за борба против тероризмот

По нападите во САД на 11 септември 2001 година, американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) врбувала затвореници од Гвантанамо како двојни агенти кои требало да соработуваат со САД при ликвидирањето терористи, тврдат поранешни и актуелни високи американски претставници.

ЦИА им ветувала на врбуваните слобода, безбедност за семејствата и милиони долари од тајните сметки на агенцијата. Сето тоа било ризично, бидејќи некои затвореници можеле да се „одметнат“ од зделката и да започнат да убиваат Американци. За ЦИА тоа било прифатлив ризик. Додека Владата ја користела терористичката закана, за да го оправда затворањето луѓе на неодредено време, во исто време ослободувала опасни лица од затвор, за да работат за ЦИА.

Програмата траела до 2006 година. Некои од врбуваните затвореници директно и помогнале на ЦИА да открие и ликвидира многу високи претставници на Ал каеда, други престанале да ја предаваат ветената информација и ЦИА изгубила врска со нив.

Портпаролот на ЦИА, Дин Бојд, одбил да ги коментира ваквите тврдења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top