Извршниот директор на Баерн, Карл Хајнц Румениге, рече дека никој нормален не би платил 250 милиони евра за најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси.
Одредени шпански медиуми неодамна пишуваа дека Баерн би можел да го доведе Меси во нивните редови ако го плати споменатото обесштетување.
Масло на огнот дополнително дотури почесниот претседателот на Баерн, Франц Бекенбауер, кој вели дека Меси би бил одлично засилување на Баерн.
– Меси!? Зборуваме за бројки кои се апсурдни. Тоа е многу повеќе отколку што ние плативме за Чави Мартинез. Нема да одиме по тој пат. Покрај тоа, го познавам претседателот Сандро Росел, тој никогаш не би го продал Меси. Меси има статус на светец во Барселона – рече Румениге.
Аргентинскиот фудбалер има договор со Барселона до јуни 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.