Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, денеска оствари средба со холандскиот министер за финансии Жерон Дајселблум во Хаг.
За време на средбата, холандскиот министер позитивно го оценил економски раст на Македонија во услови на европска должничка криза и ниската задолженост на земјава. Министерот изразил и задоволство од реформите кои се спроведуваат во Македонија, како и бизнис-климата на земјава.
Дајселблум истакна дека очекува позитивни движења во европската економија во наредниот период, што секако ќе има влијание врз македонската економија и на нејзиниот раст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.