| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени 48 за тепачката за време на Вардар – Металург

vardar-metalurg-38

По инцидентите кои се случија пред и по завршувањето на натпреварот Металург – Вардар во салата „Борис Трајковски“, кога група од 150-200 „Комити“ го нарушија јавниот ред и мир, полицијата презема низа активности за откривање на насилниците при што се приведени 48 лица.

Според податоците од полицијата, се работи за 22 лица на возраст од 14 до 48 години, 3 лица на возраст од 16 до 28 години и 13 лица – на возраст од 13 до 35.

Кривична си заработи и 30-годишниот Д.М. од Скопје, кој пред натпреварот погодил полицаец со шише.

Инаку, според досегашните сознанија, до инцидентите дошло кога група од 150 до 200 припадници на „Комитите“, иако имале уредно купени билети за ракометниот натпревар, од страна на организаторот на натпреварот не им бил дозволен влез во спортската сала. Ваквата одлука на организаторот предизвикала револт кај навивачката крупа „Комити“, кои масовно го нарушиле јавниот ред и мир на надворешната страна од источната трибина и тие фрлајќи со камења и други тврди предмети се обиделе да ги пробијат полицискиот кордон и кордонот од лицата за обезбедување од агенцијата „Перпетуум мобиле“ кои бил поставени пред влезот на источната трибина. Во обидот насилно да влезат во салата биле спречени, при што нема повредени полицајци, но настрадал еден од обезбедувањето на „Перпетуум мобиле“ и еден неутрален навивач, кои биле пренесени во Ургентниот клинички центар и ГОБ „Св. Климент Охридски“, каде што кај службеното лице од обезбедувањето е констатирана скршеница на десната потколеница, а кај другото лице скршеница на две потколенични коски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top