| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Клинт Иствуд се разведува по една недела брак

Франческа Иствуд, наводно, одлучила да побара поништување на бракот, и тоа по само една недела. 20-годишната ќерка на актерот и режисер Клинт Иствуд пред една недела во Лас Вегас се омажи со музичкиот менаџер Џордан Фелдстеин, брат на комичарот Џона Хил.

Но, според американскиот таблоид ТМЗ, таа сака поништување на бракот бидејќи тоа било пијана грешка.

Џордан, кој физички многу личи на својот многу популарен брат, е познат по неговата работа со Робин Тики и Адам Лавин. Франческа, пак, покрај тоа што е ќерка на Клинт Иствуд и Френсис Фишер, се обиде и во актерството, но засега многу неуспешно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top