| четврток, 6 декември 2018 |

Патиштата влажни, но проодни

vlazen pat

Сообраќајот на сите државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по влажни коловози.

Според информации од ЈП„Македонија Пат“-слаби снежни врнежи во моментов има на планинските превои Ѓавато и Пресека но и на овие патни правци сообраќајот се одвива тековно без никакви забрани и застои. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот на осојните места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3), Раброво – Костурино (Р1401) и Македонска Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да се одвиваат до средината на декември.

На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза и се одвиваат од клучка Велес, крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.

Патниот правец Р2 332, Охрид-Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15.11.2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top