| четврток, 6 декември 2018 |

Шест возила се излизгале на патот Охрид – Кичево

kolovoz

Пет патнички и едно товарно возило се излизгаа од коловозот на магистралниот пат Охрид­-Кичево на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека, при што нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета, информираше Секторот за внатрешни работи ­ Охрид.

Според полициското соопштение, причините за излизгувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење кон условите на патот.

– СВР Охрид веќе го засилува полициското присуство на патниот потег Охрид-­Кичево, направена е координација и со полициската станица од Кичево за интензивирање на полициски патроли на магистралниот пат на потегот од Извор до Пресека. За настанатата состојба, СВР Охрид ја извести „Македонија­пат“, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општинскиот кризен штаб, како и другите надлежни инстанци, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на препораките на полициските службеници и на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. Екипа на СВР ­ Охрид во која има претставник на Општинскиот совет за безбедност ќе направат увид на патниот потег каде е случено излетувањето на автомобилите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top