| четврток, 6 декември 2018 |

Римската волчица се замори, трето реми во серија за Рома

Римската волчица се замори и третпат во низа ремизираше, по рекордот од 10 победи на стартот од сезоната во Серија А. Рома против Калјари, нерешено 0-0, што му оди во прилог на актуелниот шампион Јувентус кој го презеде врвот на табелата со 34 бода, еден повеќе од римјаните.

За гостите од Калјари кои изненадија со добрата игра против фаворитот не настапи македонскиот репрезентативец Агим Ибраими. Десетката на тимот од Сардинија остана на клупата за резерви и не доби шанса да влезе во игра. Калјари освои значаен бод и сега е на делба на 13-та позиција со Милан. Двете екипи имаат по 14 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top