| четврток, 6 декември 2018 |

Наследничката на Каролина

Баш како тетка ѝ, таа од малечка ја започнува својата љубов со музиката...

Македонската поп-принцеза Каролина Гочева често го посетува родниот град Битола, а една од омилените причини за тоа е токму нејзината внука. Каролина постојано на „Инстаграм“, како и секоја горда тетка, ги споделува заедничките фотографии со малечката Луција.

Последната фотографија само го докажува она „крвта не е вода“ и дека за некоја година ќе имаме нова македонска музичка гордост од семејтвото на Гочеви.

Луција е ќеркичка на сестрата на Каролина, Александра, а покрај талентот од нејзината тетка, сигурно ќе наследи и глумачка жичка, бидејќи нејзиниот татко е познатиот битолски актер Иван Јерчиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top