Најдобриот играч во светот Коби Брајант кој е член на НБА тимот Лос Анѓелес Лејкерс го продолжи договорот кој му истекуваше на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Тој денеска во просториите на генералниот менаџер на клубот Мич Купчак го продолжи договорот за уште две години и се чини дека во Лејкерси ќе ја заврши кариерата. Тој во НБА лигата е веќе 17 години и е 15 годишен член на „all star“ тимот на западната конференција. Популарниот „black mamba“ е петкратен шампион во лигата со ЛА Лакерс и двоен освојувач на олимписките игри со репрезентацијата на САД.
Генералниот менаџер на „езерџиите“ по потпишувањето на договорот изјави:
– Ова е голем ден за навивачите на Лејкерс. Наш приоритет во изминатиот период беше да го продолжиме договорот со најдобриот играч на светот. Се надеваме дека Коби ќе ја заврши кариерата во клубот каде и ја започна. Ова е историски момент за сите – додаде Купчак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.