| четврток, 6 декември 2018 |

Жарко Лаушевиќ во критична состојба заврши во болница

Жарко Лаушевиќ пред неколку дена бил итно префрлен во болница во Њујорк поради висок крвен притисок. Српскиот актер бил во многу лоша состојба, која во еден момент стигнала и до критична точка. Ова е втор пат во неколку месеци како лекарите мораа да интервенираат.

Семејството и пријателите за српските медиуми велат дека Лаушевиќ е во опасност од срцев или мозочен удар поради неговиот нестабилен притисок.

Како потсетување, поранешниот адвокат на актерот, Слободан Пајовиќ, повикувајќи се на „хаотичната здравствена состојба“ бараше и намалување на казната на Лаушевиќ, но тој веднаш бурно реагираше, и не само што ги негираше лекарските наоди, туку и му го одзеде полномошното на адвокатот.

Откако тој и неговиот брат на 31 јули 1993 година беа нападнати од хулигани, еден од најдобрите српски актери уби две, а повреди едно лице. Откако помина 4,5 години во затвор, замина во САД, каде што живее од 2001 година.

Во 2011 ја напиша и својата биографија, познатата „Годината поминува, денот никогаш“.

На 29 декември 2011 година тој беше помилуван од страна на српскиот претседател Борис Тадиќ, а неколку месеци подоцна српскиот премиер Ивица Дачиќ му предаде срспки пасош. Сепак, тој сѐ уште не се вратил дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top