Жарко Лаушевиќ пред неколку дена бил итно префрлен во болница во Њујорк поради висок крвен притисок. Српскиот актер бил во многу лоша состојба, која во еден момент стигнала и до критична точка. Ова е втор пат во неколку месеци како лекарите мораа да интервенираат.
Семејството и пријателите за српските медиуми велат дека Лаушевиќ е во опасност од срцев или мозочен удар поради неговиот нестабилен притисок.
Како потсетување, поранешниот адвокат на актерот, Слободан Пајовиќ, повикувајќи се на „хаотичната здравствена состојба“ бараше и намалување на казната на Лаушевиќ, но тој веднаш бурно реагираше, и не само што ги негираше лекарските наоди, туку и му го одзеде полномошното на адвокатот.
Откако тој и неговиот брат на 31 јули 1993 година беа нападнати од хулигани, еден од најдобрите српски актери уби две, а повреди едно лице. Откако помина 4,5 години во затвор, замина во САД, каде што живее од 2001 година.
Во 2011 ја напиша и својата биографија, познатата „Годината поминува, денот никогаш“.
На 29 декември 2011 година тој беше помилуван од страна на српскиот претседател Борис Тадиќ, а неколку месеци подоцна српскиот премиер Ивица Дачиќ му предаде срспки пасош. Сепак, тој сѐ уште не се вратил дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.