| четврток, 6 декември 2018 |

Се преврти автобус во Србија, 17 повредени

Автобус на „Ниш-експрес“ синоќа се преврти во Србија, при што се повредени 17 патници. Најверојатно до несреќата дошло поради неприспособената брзина на возење на влажниот коловоз, при што автобусот се лизнал, се превртел и слетал во канал длабок шест метри.

Сите повредени патници биле пренесени во Ургентен центар, а меѓу нив се и двајцата возачи на автобусот.  За среќа, нема посериозни повреди од нагмечувања, поради што изутрината  патниците се пуштени на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top