Соси Бејкон, ќерката на актерите Кевин Бејкон и Кира Седвик, е прогласена за мис на „Златните глобуси“. Скоро секоја година оваа титула оди во рацете на некоја од ќерките на познатите холивудски актери, а лани честа и припадна на ќерката на Клинт Иствуд, Франческа.
21-годишната Соси и самата се труди да биде дел од професијата на нејзините родители, инаку и двата добитници на статуетка „Златен глобус“. Нејзината задача е да помага во организирањето на церемонијата и доделувањето на наградите.
Свеченото доделување на вторите по големина и важност филмски награди, ќе се одржува на 14 јануари, следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


