| четврток, 6 декември 2018 |

Психопат- професор кој ја потиснал агресивноста

профа1 Досега 58 годишниот  наградуван професор Џејмс Фалон живеел во уверување дека е нормален оженет маж татко на три деца кој што по ништо не се разликува од многумина. Но овој професор од Универзитетот во Калифорнија во 2005 дошол до сознание кое го натерало да си го преиспита идентитетот. Имено работел на проект за проучување на мозоците на сериските убијци па ги споредувал со оние на ѓизофреничари, пациенти кои боледуваат од хронична депресија  и оние на „нормалните“ луѓе.

Истовремено, учествувал во истражување за Алцхајмеровата болест заради кое и неговиот мозок е скениран. Додека ги прегледувал снимките наишол на знаци кои укажуваат на психопат- активност на мозокот во деловите за емпатија, моралот и самоконтролата кои биле многу мали, баш како и во мозоците на криминалците. Тоа веднаш го заинтересирало и веднаш побарал за чиј мозок се работи- па следел шок. Се работело токму за неговата снимка.

Но наместо за тоа да преќути, приказната ја предочил на јавноста и напишал книга „Психопатот внатре“ во која објаснува како среќно оженет татко на три деца може да биде психопат со еднакви генетски својства како и сериски убиец . Потоа се подложил на бројни истражувања кои покажале дека поседува незанемарливи предиспозиции за агресивно и насилно однесување како и ниско ниво на емпатија. Но тука шокот не застанувал. Професорот чепкајќи по семејната историја, во своето стебло пронашол најмалку седум далечни роднини- познати психопати- познати убијци.

профаТоа пак што сепак го одвојува од познатите психопати како Чарлс Менсон или теди Банди е фактот што, иако емпатијата не му е силна страна, тој не ги следи своите агресивни нагони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top