| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел „го откачи“ Ајфон- доста и било од прислушување

Angela Merkel with phoneНовиот мобилен телефон на германската канцеларка Ангела Меркел е Блекбери Z10. како и повеќемината членови на германска влада, Меркел веќе не користи Ајфон. ЦЕлта е да се заштити од прислушување, како последица од шпионската афера која ја разоткри американската НСА.

Германската компанија Секјурисмарт, од каде е и новиот апарат на Меркел, го престорува Блекбери во супер-сигурен телефон по инсталација на енкрипциски софтвер преку микро-картичките . Новите телефони се заштитени така што обичен текст преку алгоритам се претвора во шифриран. По инсталацијата на програмата, телефоните ги задоволуваат и НАТО стандардите за шифрирани комуникации.

Германските медиуми јавија дека најмалку пет држави ги слушале разговорите преку нејзиниот стар телефон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top