| четврток, 6 декември 2018 |

Газа се дави во смет

гgazaНедостатокот на гориво во појасот Газа по израелската окупација и затворањето на тунелите од египетските власти, се повеќе го отежнуваат секојдневното живеење. На пример ниту отпадот не може да се собере. Министерот за окална самоуправа во палестинската влада Мохамед ал-Фара, побара доколку нема горива во камионите за смет, тој да се собира на примитивен начин, со помош на домашни животни и запрежни коли. веќе постои загриженост заради можност од појава на заразни болести. Затоа е упатен и апел до меѓународната заедница.

-На општините им се потребни 150 илјади литри бензин за собирање на оттпадот, а водоводот и канализација не можат без 700 илјади литри- објаснува ал-Фара.

Хамас ги повика египетските власти на отворање на граничниот премин Рефах, кој беше затворен по воениот удар во Египет во јули. Жителите на Газа не се во можност ништо да увезат заради израелската окупација, па затоа локалните власти ја повикаа меѓународната заедница да интервенира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top