| четврток, 6 декември 2018 |

По бегството на албанските затвореници, Македонија на готовс

20130528-zoshto-zatvorenicite-vo-venecuela-gi-shijat-ustite-360Подигнато е ниво на готовс на македонско-албанската граница откако албанските власти го предупредија македонското Министерство за внатрешни работи дека од затворот во близина на Дренова побегнале опасни и вооружени затвореници.
„За бегството бевме информирани уште вчера, формиран е штаб и подигнато е нивото на готовс. Истовремено се преземаат мерки за да се спречи нивен обид за влез во земјава“, вели одговорниот за односи со јавност, Иво Котевски за Нетпрес.
Според првичните информации, седуммина затвореници, меѓу кои дел осудени на доживотен затвор, побегнале од затворот. Денешните официјални информации говорат дека сепак од затворот успеале да побегнат шестмина затвореници, а од нив досега се пронајдени и уапсени тројца.
Албанскиот телевизиски канал Топ чанел објавува дека пронајден е организаторот на бегството, Адмир Тафили кој, заедно со уште еден бегалец Фран Мараши, се криел во напуштен магацин во Пренјас. Претходно е пронајден и Артур Горо.
Сите тројца биле осудени на доживотен затвор.
Албанските служби за безбедност и понатаму се во потрага по уште тројца бегалци – Гезим Гури роден 1982 во Дебар, Реиз Намик Хаџирај и Едуард Кујтим Лулин.
Под истрага се шестмина чувари, како и водителот на смена, кои биле надлжност во времето на бегството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top