Премиерот Никола Груевски повика на фер судење за претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Шиповиќ кој вчера беше екстрадиран од Австрија веднаш беше префрлен во затворот во Шутка поради мерката што му беше одредена во отсуство. Пред истражен судија треба да се појави во вторник.
Опозициската СДСМ побара Шиповиќ да се брани од слобода, а лидерот на СДСМ Зоран Заев го понуди имотот на целото раководство како гаранција.
Шиповиќ е осомничен за милионски криминал во аферата “Машинопромет”. МВР за овој случај, исто така, поднесе кривична пријава против 10 членови на надзорниот одбор и раководители, како и против некои вработени во УЈП.
Тој беше уапсен на 15 октомври на аеродромот во Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски