Работнички до убедливата победа го предводеше Велкоски, кој во првото полувреме, во периодот од 10-та до 35-та минута, постигна три гола. Со трите гола против Шкендија, Велкоски изби на првото место на листата на стрелци со 14 голови.
Во второто полувреме судбината на Шкендија ја запечатија Маневски и Сулејманов.
Со оваа победа Работнички ќе биде лидер на прволигашката табела. Останатите натпревари ќе се одиграат в недела, со почеток во 13 часот.
Двојки: Брегалница-Вардар, Металург-Пелистер, Гостивар-Напредок, Ренова-Еуромилк, Хоризонт Турново-Македонија ЃП.
Табела: 1. Работнички (+1) 27 бодови, 2. Металург 26. 3. Вардар 26, 4. Пелистер 24, 5. Хоризонт Т. 22, 6. Ренова 22, 7. Брегалница 20, 8. Шкендија (+1) 20, 9. Еуромилк, 10. Македонија ЃП 13, 11. Напредок 11, 12. Гостивар 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.