Две момчиња од Куманово вчера биле избодени со нож. 17 – годишниот Х.П. со неколку убоди е примен на хируршкото одделение во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Скопје, јави предмалку дописникот на Канал 5 од овој град.
Неговиот другар, 18 – годишниот С.А. со полесни повреди е задржан во кумановската болница.
Инцидентот се случил пред 21 часот на улицата „Моша Пијаде“ во центарот на градот, поточно во дворот на детската градинка „Ангел Шајче“.
Информациите ги потврди портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска, нагласувајќи дека нападот е извршен со остар предмет.
Напаѓачите, 18 – годишниот М.М. и 15 – годишниот Р.М. од Куманово се приведени и спроведени до Основниот суд Куманово со кривична пријава за убиство во обид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.