Роналдо бил на забава во еден ноќен клуб во Стокхолм, Шведска.
Го посетил тамошниот познат клуб „Бергман“, поточно настапот на еден од најпопуларните диџеи.
Се разбира, ова не го пропуштиле претставниците на шведските медиуми, а известувачот на весникот „Афтонбладет“ добил посебен третман, бидејќи пред да влезе во клубот Роналдо токму него го „поздравил“.
„Од*би! Немој да ме следиш повеќе“, му се обратил Португалецот на новинарот, можеби и нервозен поради тоа што негов колега пред дуелот се обидуваше да му го скрати сонот.
Шведските медиуми пренесуваат дека Роналдо во ноќниот клуб бил во исто време со првотимецот на Ѓургарден Ертон Фејзулаху, кој уживал во забавата со својот популарен ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.