| четврток, 6 декември 2018 |

ЕБРД: Поранешните комунистички земји никогаш нема да ги достигнат развиените

EBRD

Некои од поранешните комунистички земји, поради недоволно структурни реформи, се во опастност никогаш да не ги достигнат развиените земји според животниот стандард, покажува извештајот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Извештајот анализира 34 земји во развој во кои ЕБРД делува, претежно во Источна Европа и поранешниот Советски сојуз, пренесува „Фајненшал тајмс“.

Во текот на последната деценија во овој регион во областа на економските реформи направено е малку, наведува главниот економист на ЕБРД, Ерк Берглоф.

Некои од поранешните комунистички земји, според оваа банка, се соочуваат со забавување на економијата и стагнација на реформите. Обновувањето на реформските бапори би им овозможило на овие земји да остварат побрзо темпо на раст, благодарение на што би ги достигнале развиените економии.

ЕБРД минатата недела ја намали проценката за овогодишниот економски раст во земјите во кои е присутна, на 2%, од претходните 2,2%. Прогнозата за раст за следната година е намалена за 0,4 процентни поени, на 2,8%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top