Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Се очекува да наврнат 20 литри на метар квадратен проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 10 до 15 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
В недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои се очекува да бидат пообилни во источните делови од земјава. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од девет до 14 степени.
Од понеделник ќе има позначителни промени на времето. Се очекува заладување со засилен северен ветер и повремени врнежи од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.