| четврток, 6 декември 2018 |

Егзекутирани три курдски активистки во Париз

Три жени, курдски активистки се убиени во Париз откако биле застрелани во главите. Убијците и мотивите за сега се мистерија за француските власти. Сепак, за истражните органи нема сомнеж дека станува збор за политички мотивирано убиство.

Според француските медиуми, меѓу убиените жени биле Сакине Чансиз, една од основачите на курдската Работничка партија, како и Фидан Доган, претседателката на курдскиот институт во Париз. Третата застрелана жена била Лејла Сојлемез, помлада активистка.

Во меѓувреме, на протести во северниот дел на главниот град на Франција излегоа стотина Курди кои бараат брза истрага за трикратното убиство.

 

Телата на убиените жени се најдени во Информативниот центар Курдистан, институција блиска на Работничката партија на Курдистан (ПКК) која повеќе од две децении се бори против турска држава. Оваа партија за владите на Турција, САД и на Европската Унија претставува терористичка организација.

 

Некои светски медиуми мотивите за убиството ги гледаат во обид да се нарушат мировните преговори кои се во тек меѓу турската влада и затворениот лидер на ПКК Абдула Оџалан, на кој според медиумите во Турциа бил постигнат мировен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top