Времето утре ќе биде облачно со врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер.
В недела ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, но во источните делови повторно се очекуваат пообилни врнежи. На планините ќе паѓа снег.
Метеоролозите од понеделник најавуваат значително заладување со засилен северен ветер. В понеделник ќе има повремено паѓање дожд и снег, а во вторник повремен локален снег. Дневната температура до вторник ќе бидат над нулата, а в среда утринските ќе бидат под нулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.