Во македонските затвори има надминувања на бројот на затвореници, но не во некои сериозни димензии, а забелешките за преоптовареноста на овие капацитети од Хлесиншкиот квалитет се однесуваат на затворот Идризово.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по пуштање во употреба нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во општина Аеродром.
Според него, главниот проблем е затворот Идризово и токму затоа е почната градба на комплетно нов објект, кој ќе има капацитет за околу 1.500 луѓе наместо сегашниот за 800 до 900, а во кој има многу повеќе.
– Тоа е сериозна инвестиција во која нѐ поддржа Банката за рзвој при Советот на Европа. Градбата почна пред неколку месеци. Се работи интензивно и во период од неколку години треба да се изгради комплетно нов затвор, кој ќе биде многу посовремен, многу помодерен со сите потребни стандарди што ги имаат денешните затвори и на тој начин да се надмине овој проблем – изјави Груевски.
Премиерот додаде дека штом заврши градбата, затворениците ќе преминат во новиот дел кој ќе биде во повеќе целини за затворениците од различни категории да бидат одвоени, што претставува стандард во секој затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски