| четврток, 6 декември 2018 |

Каде е сега девојчето што ја пееше „Ех, тој Тоше“ (ФОТО)

Каде се...

Во моментот во „Универзална сала“ се одржува 43. издание на „Златно славејче“. Детскиот фестивал создаде многу незаборавни песнички низ годините. Една од оние што и ден- денес се пеат е и онаа во изведба на Сања Ристиќ.

Слаткото девојче кое пееше „Ех, тој Тоше“ денес е директорка на секторот за комуникација со клиенти во агенцијата „Идеа плус“.

Покрај тоа, Сања е инструктор по кик-фит.

Во 1994 година, годината кога сцената во „Универзална сала“ ја освои Сања, настапи уште едно незаборавно дете-ѕвезда, струмичанецот Васил Гарванлиев со „Марионка“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top