| четврток, 6 декември 2018 |

Турција мета на Ал Каеда и ПКК

Терористичката мрежа Ал Каеда и Курдската работничка партија (ПКК) подготуваат напади во Турција, а турските сили за безбедност се во потрага по четири автомобили-бомби, пишува денеска весникoт „Туркие“.

Турската разузнавачка служба МИТ, жандармеријата и полицијата располагаат со информации дека два автомобили-бомби на организацијата Исламска држава во Ирак и Левантот, која е поврзана со Ал Каеда, влегле на територијата на Турција. Исламистичката организација, која се заканува со напади врз цели во Турција, објави дека
подготвила вкупно седум автомобили за извршување напади.

Во меѓувреме полицијата трага и по два автомобили-бомби на ПКК, „Хјундаи Акцент“ и „Киа Рио“, објави весникот.

Се смета дека цел на двете организации ќе бидат големите турски градови, пред се Анкара и Истанбул, а Ал Каеда за свои цели може да ги избере и сириските бегалски кампови во источна и југоисточна Турција, додава „Туркие“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top