Грција, според процените на шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, не покажува дека планира да направи чекор напред во спорот со Македонија за време на нејзиното претседавање со Европската унија.
– Не гледам ништо што укажува во таа насока – одговори Билт на прашањето дали е можно Грција да направи гест во однос на Македонија, за време на нејзиното претседавање со Европската унија во првата половина на 2014 година и да дозволи почнување на преговорите за членство.
Шведскиот министер за надворешни работи и поранешен европски пратеник на Балканот рече дека регионот во целина напредува, но бавно.
– Можеме да се фокусираме и на фактот дека Балканот оди напред. Речиси сите земји од Балканот се во процес на преговори. Само Босна е исклучок. И Македонија е исклучок, но од други причини. Не би бил премногу песимист кон Балканот, можеби се движи побавно отколку што јас би сакал, но се движи – изјави Билт во Вашингтон, каде што е поради планирани дискусии за самитот на источното партнерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција