| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца обвинети во „Шпион“ ќе се бранат од слобода

spion-slucaj2013-1

Марјан Маџовски излезе од притвор и ќе се брани од слобода. Шефот на кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, обвинет за злосторничко здружување и уцена во акцијата „Шпион“, ќе се брани од слобода, јави „Плусинфо“. Истражниот судија ја донел одлуката минатиот вторник, а на тоа не се противело ниту јавното обвинителство за спречување сериозен и организиран криминал.

– Истражниот судија го укина притворот за Марјан Маџовски по претходно добиено позитивно мислење од Јавното обвинителство. За укинување на мерката притвор понудена е гаранција во недвижен имот – изјавија од канцеларијата за односи со јавноста на ОСС1, за „Плусинфо“.

Во вторникот била укината уште една притворска мерка од овој предметот, нè информираа од скопска единица. Мерката притвор истражниот судија по претходна согласност на јавниот обвинител ја укинал и за Зоран Костадиновски, вработен во Управата за безбедност и за контраразузнавање, кој во случајот „Шпион“ е обвинет за злосторничко здружување. На Костадиновски истражниот судија му одредил мерка домашен притвор, поради, како што велат од Судот, исклучително лошата здравствена состојба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top