Цвеклото е добро познат лек за анемија, детоксикација на организмот и за зголемување на имунитетот. Оваа храна е многу популарна меѓу спортистите бидејќи ја враќа издржливоста во вежбањето и го подобрува имунитетот.
За со леснотија да ги совладате физичките напори на тренинзите или да истрчате уште еден круг повеќе, а да не останете без воздух, доволно е на телото да му дадете моќен сок од еден од најздравите продукти во светот.
Едно истражување направено во Велика Британија покажало дека испитаниците што консумирале сок од свежо цедено цвекло го издржале тренингот за 16 проценти подолго отколку другите испитаници, кои не пиеле сок од цвекло.
Редовното дневно консумирање половина литар сок од цвекло влијае на издржливоста на мускулите и значително го намалува крвниот притисок.
Состојки за сокот од цвекло:
– 1 кг цвекло
– 1 голема лажица мед
– сок од еден лимон
Подготовка:
– Цвеклото ситно ќе го изрендате, додајте мед и сок од лимон, кој ќе го неутрализира вкусот на земја. Оставете да отстои три часа, а потоа истиснете го низ газа да излезе што повеќе сок. Свежиот сок пијте го на наутро на празен стомак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.