Дали е можно воопшто да се биде попаметен со редовно консумирање на одреден напиток? Сепак ќе мора да ве разочараме – тоа едноставно не е возможно. Но сепак е возможно со внос на одредени напитоци, да му се обезбедат на мозокот сите неопходни нешта за тој да функционира подобро.

Црвено вино

Бројни истражувања покажаа дека полифенолите во виното (па дури и во чоколадото) го зголемуваат притисокот на крв во мозокот. Ресерватолот од виното исто така има позитивно влијание врз функциите на мозокот, но клучот кога е алкохолот во прашање е умереноста. Колку што е добар во мали количества, толку е лош и во големи количества.

Сок од калинки

Сокот од калинки има моќна антиоксидативна моќ, помоќен е дури и од црното вино и зелениот чај. Преелиминарни студии покажаа дека антиоксидативниот капацитет на сокот од калинки е три пати помоќен од истото количество на зелен чај или црно вино.

Заштитното влијание му се препишува на присутните фитохемикалии: полифеноли, танини и антоцијани. Според препораките на израелските научници, една чаша сок од калинки дневно, може да го намали ризикот од заболување од кардиоваскуларни болести, а докажано е и дека ја подобрува меморијата.

Сок од јаболко, морков и цвекло

Ако ги измешате овие три намирници во блендер, не само што ќе добиете една преубава комбинација, туку ќе добиете и напиток кој е исклучително богат со антиоксиданси, витамини и минерали. Цвеклото го зголемува нивото на оксиданти во мозокот, морковот содржи бета каротен кој не е добар само за видот, туку и помага во регенерација на мозокот, додека јаболкото докажано помага во спречување на настанокот на Алцхајмерова болест.