Градоначалниците на град Скопје и на општина Центар, Коце Трајановски и Андреј Жерновски, беа на средбата посветена на сообраќајот и идните проекти во Центар меѓу јавните претпријатија на Градот Скопје и градската администрација.
Градскиот татко порача дека Градот е отворен за соработка и надминување на проблемите.
– Град Скопје е отворен за соработка за наоѓање решенија за несогласувањата со Општина Центар бидејќи ние како Град Скопје треба да бидеме рамноправни кон сите затоа што сите работиме за граѓаните – вели градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
За 5 до 10 дена треба да се потпише договорот за фонтаната на плоштадот „Македонија“ и да почне постапката за прибирање на потребните материјали, истакна Траајановски, кој потенцираше дека дочекот на Новата 2014 година ќе се одржи на плоштадот „Македонија“.
Андереј Жерновски порача дека не се согласува со проектите за фонтаната на плоштадот Македонија и за иградбата на плоштадот ВМРО и потенцира дека од општината Центар нема да дозволат да се направи, додавајќи дека секоја интервенција на петте кули во „Малиот ринг“ и на ГТЦ ќе го третираат како дивоградба. За сѐ што ќе се гради на териотијата на општина Центар е потребно одобрение за градба, а дали ќе добијат таква зависи од Деталниот урбанистички план, додава Жерновски.
Меѓу проектите за кои дискутираат Град Скопје и Општина Центар е подземната сообраќајница од мостот Гоце Делчев до комплексот банки, а најавено е и проширување на улицата „Железничка“, со што, како што нагласува Трајановски, ќе се норнмализира сообраќајот во тој дел од градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


