| четврток, 6 декември 2018 |

Тимошенко нема да се лекува во странство

timosenkoУкраинскиот парламент ги одби шесте предлог-закони од европската агенда, меѓу кои и тој со кој би се дозволило поранешната премиерка Јулија Тимошенко да замине на лекување во странство.
Ниту еден од шесте законски предлози не доби повеќе од 195 гласа, а за нивно усвојување беше потребна поддршка од најмалку 226 пратеници во Врховната рада.
ЕУ соопшти дека без решавање на „прашањето за Тимошенко“ нема да биде потпишан договорот за асоцијација на Украина со Унијата. Потпишувањето беше предвидено за средбата на високо ниво на ЕУ во Вилнус, која ќе се одржи на 28 и на 29 ноември.
Тимошенко е осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top