Баш ми е гајле што е претседател, јас сум тој што носи радост и ги забавува луѓето. На Обама би му било подобро да не зборува ништо за Ким Кардашијан, инаку… Тој не би требало да го спомнува името на мајката на мојата ќерка бидејќи двајцата сме од Чикаго!
Ова Канје Вест му го порача на американскиoт претседател Барак Обама. И додаде дека веќе никогаш нема да му го спомене името.
Искрите меѓу нив почнуваат поодамна. Некаде во август кога Обама ги прозва Канје и Ким, кога беше објавено дека тие во новата вила во Беверли Хилс ќе имаат тоалети од злато!
Американскиот претседател тогаш изјави дека смета дека младите Американци се опседнати со брза заработувачка и слава, а како лош пример ги наведе Ким и Канје.
– Некогаш децата не следеа што денес облекла Ким кардашијан и каде Канје Вест отишол на одмор – забележа тогаш Обама.
Американскиот претседател неколку пати го нарекол Канје магаре.
Во сето ова се вклучи Крис Џенер која го нарече американскиот претседател лицемер.
– Рече дека моето дете со нејзиното момче живее во огромна куќа. Сигурна сум дека некои пријатели на Обама имаат такви куќи и дека не му беше непријатно да оди кај нив како гостин, посебно за време на претседателската кампања кога многумина од нив ги молеше да му ја позајмат куќата за приеми за собирање на прилози – рече мајката на Ким
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.