| четврток, 6 декември 2018 |

Самоубиство во центарот на Тетово

tetovo

Попладнево околу 15 часот 34-годишен маж од Тетово се самоубил скокајќи најверојатно од четврти кат од зграда на улицата „Браќа Миладиновци“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според првичните информации, на местото се врши увид по што треба да се утврди дали лицето живеело во зградата, а според сите индиции станува збор за самоубиство.

Доколку тоа биде утврдено, вкупниот број на вакви случаи во Полошко годинава би била 19 или за 10 повеќе во однос на целата 2012 година.

Покрај тоа, забележани се и 17 обиди за самоубиство во однос на 26 лани.

– Кај обидите предничат труења со отровни течности и голема количина на разни лекови, рече Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top