| четврток, 6 декември 2018 |

Карлеуша липаше на суд

Српската пејачка утрово на сослушувањето по повод 49 тужби поднесени против водителот Иван Ивановиќ видно се вознемирила и плачела, по што судијата наредил кратка пауза додека таа да се смири.

– По повод 49 тужби поднесени против телевизија „Прва“ и водителот Иван Ивановиќ, Јелена Карлеуша утрово во 9 пред судијата даде опширно сведочење за сите години на злоупотреба од страна на обвинетиот. Видно потресена, со плачење, таа зборуваше за тортурата и невистините во медиумите и навредите, како на личен, така и на професионален план – пишува на официјалната страница на пејачката.

Карлеуша го тужи Ивановиќ, но и Сека Алексиќ и Аца Лукас за „континуирани напади врз неа, нејзината кариера, децата и семејството“.

На првото рочиште, судијата предложи пауза додека Карлеужа се смири и судењето продолжи со читање докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top