| четврток, 6 декември 2018 |

Судењето за масакрот кај Смилковци во декември почнува од почеток

monstrum

Судскиот процес за “Монструм” од втори декември ќе почне од почеток.

Како што пренесува Академик, на обвинителната клупа покрај досегашните обвинети ќе им се приклучи и Сами Љута кој беше уапсен на граничниот премин Блаце во август годинава.

Ова е второ враќање на судскиот процес за масакрот кај Смилковското езеро од почетокот откако во октомври судењето беше повторено поради промена на поротникот кој бил во роднинска врска со новоименуваниот бранител на дел обвинетите, адвокатот Ѓорги Настевски.
Инаку, Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири и Хаки Aзири се шестмината обвинети за тероризам поради петкратното убиство кај Смилковското езеро што се случи на 12 април 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top