Атланта Хоукс ноќеска го доживеа петтиот пораз сезонава од шампионот Мајами Хит (104-88), но фактот што нас не радува е одличната игра на нашиот Перо Антиќ.
Поранешниот капитен на македонската репрезентација за 15 минути на паркетот даде 12 поени и беше втор стрелец во екипата заедно со Ал Хорфорд. Погоди 2 од три обиди за тројка, два пати беше прецизен од пет шута за два поени и реализираше две од три слободни фрлања. Во исто време имаше четири скока, две украдени топки и една асистенција.
Најдобар во тимот на Атланта беше Мајк Скот со постигнати 15 поени. Јастребите единствено ја имаа контролата над резултатот во првата четвртина која ја добија со 25-24.
Потоа работите во свои раце ги презедоа играчите на Мајами за на крајот да слават убедлива победа од 16 поени разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.