| четврток, 6 декември 2018 |

Франција сè уште трага по напаѓачoт (видео)

slika napagjacПродолжува потрагата во Франција по непознатиот напаѓач во Париз, кој тешко рани фотограф на весникот „Либерасион“ пренесе МИА.

„Ја извади пушката и двапати истрела“, е насловот на првата страница на париски „Либерасион“. Непознатиот напаѓач потоа стрелаше и кон фасадата на банката „Сосиете женерал“ во парискиот деловен кварт Дефанс, по што киднапира возач, кој го однел до Елисејските Полиња.

Видеоснимките од обезбедувањата и од париското метро покажуваат еден ист човек, кој во петокот се обидел да застрела новинари на телевизијата БФМТВ. Објавена е фотографија на напаѓачот, како и видео снимката од неуспешниот напад во БФМТВ.

Потрaгата продолжи во текот на ноќта во Париз. Јавниот обвинител претпоставува дека напаѓачот дејствувал сам, додека францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс се „чувствува загрижен“.

– Сè додека не биде уапсен, ние знаеме дека тој може да стапи во акција- предупреди Валс.

Нападите во „Либерасион“ и во квартот Дефанс создадоа немир во Парис и мобилизираа бројни безбедносни сили, како и хеликоптер на цивилната заштита, но до сега без ефект.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top