| четврток, 6 декември 2018 |

Сања Барби си фати бизнисмен од Швајцарија?

sanja barbi

Сања Цинцева или попозната во јавноста како Сања Барби веќе извесен период престојува во Швајцарија. Причина за тоа, како што тврдат многумина, е нејзиниот дечко кој живее таму, а со кого Барбиката е во врска неколку месеци, пишува Вечер.

Двојката се запознала сосема случајно на еден од настапите на Сања, која честопати пее во Швајцарија. Меѓу гостите бил и бизнисменот кој веднаш штом ја здогледал згодната струмичанка, изгубил глава по неа.

Сепак, фолкерката ги демантираше ваквите шпекулации.

“Нема врска, немам дечко. Точно е дека сум во Швајцарија, но немам дечко. Работно престојувам тука и се враќам кон почетокот на идниот месец”, изјавила Сања за Вечер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top