Извозот на контаминирани корнишони на фирмите на Заеви прави големи штети на македонското зејоделство. Експерти за ТВ Сител коментираат дека поради последната пратка од 34 тони која запре во Хрватска, македонските земјоделски производи ќе се најдат на посебна листа во Европската Унија. Тоа може да предизвика и засилени контроли на европските институции што може да ги зголемат и трошоците за извоз на македонските земјоделци а со тоа да ги намалат нивните приходи од овој бизнис.
По неколку дена молк, конечно се јави и лидерот на СДСМ чие семејство директно е вплеткано во скандалот со контаминираните корнишони. Наместо објаснување, првиот човек во опозицијата упати закани против медиуми.
Останува нејасно зошто Заев им се заканува на независните медиуми кои најпрофесионално ги пренесоа информациите кои ги обелоденија институциите на држава од Европската Унија, прашува Сител. Уште по скандалозно е, оцени Сител, што Заев им се заканува дури и на земјоделците од струмичкиот регион, само поради тоа што се пожалија дека поради контаминираниот извоз на фирмите на неговото семејство нивниот бизнис ќе претрпи огромни штети, факт кој го потврдуваат и најрелевантните експерти во оваа гранка.
Останува дилемата и зошто фирмата Анска река кој ги произведе корнишоните и каде еден од сопствениците е првиот братучед на лидерот на СДСМ, на прашањата на Сител не смееше да даде одговори иако согласно новинарската пракса уште при избивањето на аферата беше побарана за став.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


