| четврток, 6 декември 2018 |

Пратиле работници во странство, па не им платиле

К.П.(34) од Куманово, сопственик на фирмата за градежништво „Гилгамеш“ ќе одговара за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и измама, а Д.А. за измама со помагање.

Како што информираат од полицијата, кумановците во април и мај годинава на пет лица им ветиле работа во странство иако немале лиценца од Министерството за труд и социјална политика. За да ги пратат на работа, им зеле по 700 денари, но парите не ги внеле на сметка на фирмата. Откако ги испратиле во Австрија и во Германија, по завршување на работата не им платиле. Со тоа К.П и Д.А незаконски заработиле 450.000 денари. Откако работниците не си ги добиле парите, газдата го пријавиле во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top