Соња Тарчуловска се исправи на нозе. Фолк-пејачката пред точно два месеца доживеа тешка несреќа, паѓајќи од семејната тераса. Резултатот беа скршеници на ребрата, повреда на половината во долниот дел и скршеница на рамото.
Сепак, Соња вчера, конечно, излезе од својот дом. Заедно со своето семејство ја посети црквата „Света Богородица“ во центарот на Скопје, а подоцна заедно го прославија роденденот на нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски.
– Мојот најубав подарок. Мојата љубов исправена пред Бога. Ви благодарам на сите за убавите и искрени пораки – напиша Јохан, кој вчера наполни 39 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.