| четврток, 6 декември 2018 |

Танкер мета на пирати?!

Француски танкер исчезнал во близина на Брегот на Слоновата Коска. Според француските медиуми,танкерот, кој го нема од минатиот викенд, наверојатно е најверојатно жртва на пирати.

Француските медиуми се повикуваат на информациите на Меѓународното биро за поморски сообраќај, според кое танкерот пловел под знамето на Луксембург и на него се наоѓале 17 членови на екипажот.

Според бирото, постојат сомневања дека танкерот бил киднапиран од пиратите, кои по зачестените патроли на Нигерија и Бенин во Гвинејскиот залив, сега ги поместиле активностите кон Брегот на Слоновата коска.

Во јануари жртва на пиратство беше танкер кој пловеше под знамето на Панама, нападнат во пристаништетот во Абиџан. Во почетокот на октомври 2012 сличен напад имаше и врз грчки танкер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top