Лос Анџелес лејкерс стигна до петтата победа во новата сезона, а за тоа најзаслужен беше Хил, кој имаше рекорден ефект во кариерата со 24 поени и 17 скока. Покрај него, на овој натпревар се истакнаа уште Џоди Микс и Јанг со по 19 поени, како и Стив Блејк со 9 поени и 16 асистенции.
Лејкерс во изминатите 20 дена одигра 12 натпревари, а сега ќе одмора до петок. Кај Пистонс, кој сега има скор 3-6, најдобар беше Џенинг со 23 поени и 14 асистенции.
Резултати :
ЛА Лејкерс – Детроит 114:99
Сакраменто – Мемфис 86:97
Торонто – Портланд 110:118 ( по продолженија)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


