Себастијан Фетел (Ред Бул) продолжи да ја пишува историјата во Формула 1 откако го забележи и осмиот триумф со победата на ГН на САД.
Германецот со оваа победа направи нов рекорд во Формула 1, односно тој дојде до осмата победа по ред, со што го мина својот сонародник Михаел Шумахер, кој има седум победи по ред.
– Уживам во своите победи, никако не можат да ви станат досадни. Осум победи по ред е неверојатно чувство. Еден ден луѓето ќе зборуваат за ова, ќе го споменуваат ова што го направивме ние како тим, а моето име ќе се памти – рече возачот на Ред Бул.
За Фетел ова е 12. победа сезонава или 38. во кариерата.
Второто место му припадна на возачот на Лотус, Роман Грожан, додека трет заврши Марк Вебер од Ред Бул.
Луис Хамилтон од Мерцедес заврши на 4. место, а петти целта ја мина Фернандо Алонсо со Ферари, кој го издржа пристокот на Нико Хулкенберг од Заубер во последните неколку кругови.
Последната трка се вози во Сао Паоло за ГН на Бразил на 24 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


