Доцна синоќа е ограбена бензинската пумпа на Лукоил во скопското село Глумово. Кражбата ја извршиле тројца маскирани и вооружени разбојници. Тие влегле на бензинската пумпа, ги нападнале вработените и со закана со пиштол од касата успеале да одземат 5 илјади денари, а го украле и автомобилот марка голф, сопственост на едниот од вработените на бензинската. Полицијата работи на расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.